Седум години гласот на народот беше пригушен. Седум години тишината стануваше правило, а неправдата навика. Не почнавме од нула, почнавме од минус. И пак, решивме: ќе почнеме. Ги поставивме темелите на една поинаква Македонија. Ги градиме темелите на промените, напиша денеска премиерот Христијан Мицкоски на својата фејсбук страница.
Како што посочува Мицкоски, ова е година на враќање на достоинството, на правдата, на грижата.
-Не почнавме од нула. Почнавме од минус. Од темелите што не беа темели, туку пепел и прав. И пак, решивме: ќе почнеме. Ќе градиме. Ќе веруваме. Ќе се исправиме.. Ги поставивме темелите. Темелите на една поинаква Македонија. Не Македонија од памфлети, туку Македонија на срце. Година на враќање – на достоинството, на правдата, на грижата. Година што ќе ја паметиме – како првата, кога почна новото време. Македонија не е мит. Македонија не е ветување. Македонија е реалност што ја градиме. Сега. Со тебе. Со нас. За сите. Доаѓа Времето на Македонија. Ги градиме темелите на промените, се вели во фејсбук објавата на Мицкоски.
Фото: МИА Архива