Премиерот Христијан Мицкоски во поканил Такер Карлсон, еден од највлијателните американски новинари, да ја посети Македонија.
Такер Карлсон е познат американски телевизиски водител, политички коментатор и новинар, кој стекна слава преку своето вечерно шоу на телевизискиот канал Фокс Њуз.
Познат е по своите отворени критики кон традиционалните медиуми и остар јазик кон американската владејачка елита. Во 2023 година, Карлсон ја напушти телевизијата Фокс Њуз, но продолжи со својата работа преку независни платформи, вклучувајќи го и Икс (поранешен Твитер), каде што редовно објавува интервјуа и анализи.
Едно од највпечатливите интервјуа кои ги направи по своето заминување од Фокс Њуз беше со рускиот претседател Владимир Путин во 2024 година. Интервјуто беше објавено на мрежата Икс и предизвика глобално внимание, поради растечките геополитички тензии помеѓу Русија и Западот, особено поради војната во Украина.
Карлсон го искористи разговорот за да постави директни прашања за односите меѓу Русија и САД, влијанието на НАТО, како и личните ставови на Путин за глобалната политика. Интервјуто беше оценето како храбар обид да се слушне руската перспектива, но истовремено беше критикувано од дел од западните медиуми.
Со ова интервју, Такер Карлсон ја зацврсти својата репутација како контроверзен, но влијателен медиумски глас.
Мицкоски се сретна и со уште една голема американска новинарска ѕвезда. Станува збор за Меган Кели, позната американска новинарка, адвокатка, политичка коментаторка и медиумска личност. Таа моментално е водителка на ток-шоу и подкаст којшто секојдневно се емитува на каналот Triumph на Sirius XM и има над 3,2 милиони претплатници на Јутјуб.