Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски денеска остварил средба со претставникот на ЕУ во Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, информира партијата.

На состанокот станало збор за моменталната политичка состојба во Македонија, како и за ветото на Бугарија, со што се создаде пречка на нашиот пат кон ЕУ.

Мицкоски посочил дека е не европски Македонија да се условува за нејзиниот јазик, идентитет и историја, кои се дел од личната карта на еден народ. Македонија има право на своите идентитетски обележја, истакнал Мицкоски.

Дополнително имало заемна согласност дека реформите во земјава мора да се спроведат и дека придвижувањето кон ЕУ е од корист на државата.

Мицкоски алармирал и на се поголемиот хаос во државата создаден од страна на Заев, на кој му е поважен партискиот  рејтинг и бизнисот на фирмите блиски нему одошто државата. Лошото справување со здравствената криза се докажува со огромниот број починати и заразени, како и тоа дека здравствениот систем е пред колапс. Добредојдена е поддршката од европските партнери на тој план, посочил Мицкоски.