22-годишната скопјанка почината од Ковид 19 била бремена и била без други болести? МЗ тврди поинаку!

/ 10.12.2020

22-годишна бремена скопјанка без други болести е најмладата жртва на коронавирусот во земјава од почетокот на пандемијата.

Според неофицијални информации на Курир, пациентката на 26-ти ноември од ГАК била префрлена во Градската општа болница „8-ми Септември“ во многу тешка состојба. На ГАК била три дена поради комплицирана бременост. Здравствената состојба ѝ била многу лоша, па пациентката цело време била на респиратор. Третманот на респиратор продолжил и во ГОБ „8 Септември“ каде била донесена во критична состојба.

Здравствените власти уверуваат дека биле преземени сите мерки на интензивното лекување, но пациентката сепак починала вчера.

Од МЗ пак велат дека 22-годишната бремена девојка која почина како последица на коронавирусот имала дијабет и проблеми со тироидната жлезда.

Во вчерашната статитика влезе уште еден млад пациент. 28-годишен скопјанец ја загубил битката со коронавирусот. Државниот здравствен инспекторат најави дека од утре ќе се спроведува вонреден инспекциски надзор кој треба да утврди дали имало грешки во лекувањето.


Од истата категорија