МИЦКОСКИ И НИКОЛОВ СО ТИМОНИЕ: Македонја е во тешка економска и здравствена состојба

/ 28.09.2020

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со Игор Николов, остварија средба со францускиот амбасадор Кристиан Тимоние.

На средбата разговараа за актуелната политичка состојба во државата како и за тоа кои се приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.

Мицкоски посочил дека поради пандемијата предизивикана од КОВИД 19 државата е во тешка економска и здравствена состојба, а старо-новата влада не превзема никакви конкретни мерки со цел да им се помогне на граѓаните како и на бизнис секторот.

Во текот на средбата Мицкоски потенцираше дека во државата криминалот и корупцијата се на високо ниво и правдата е селективна, односно се суди само на луѓе од опозицијата. Имено тој укажа на фактот дека власта дели тендери на лица блиски до нив и за тоа никој не одговара, додека народот од ден во ден се повеќе се осиромашува.

– ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја усмерат Република Македонија на вистинскиот пат, како и ќе имаат влијание на патот кон Европската унија, истакна Мицкоски.

Мицкоски во име на ВМРО-ДПМНЕ искажал благодарност за залагањето на Тимоние, неговото вистинско пријателство кон македонската држава и за сета помош која ја доби државата од неговото делување.


Од истата категорија