Многу луѓе во минатото беа жртви на разни притисоци, уцени и ја видоа која е формулата на Заев кога беше опозиционер и ги снимале луѓето. Нема функционер во или во близина на Владата кој нема сомнежи за инкриминирачки дејанија, така што на сите оние граѓани кои биле под притисок на овие властодршци, дел од нив се заштитиле еден начин, други на друг и да дел од тоа стигнало до опозицијата, вели Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телезвија Алфа.
-Но, сето тоа треба детално да се провери, да се анализира. Ние не сакаме на ниски страсти со воајеризам да победиме на избори и да ја формираме следната влада. Ние сакаме да дојдеме на власт со програма и така да ги погазиме и да ги пратиме каде што им е местото, рече Мицкоски.