Добиваме конкретна поддршка од сите страни, но имаме земја членка на ЕУ која не враќа во средновековието, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на меѓународната поддршка на Македонија.

-Добиваме од сите страни конкретна поддршка, сите ги разбираат нашите аргументи, сите позади завеса застануваат и стегаат рака и велат таа е вистината, доста е од двојни стандарди, потребно е да одите напред, но за жал има некои земји членки во ЕУ, една земја членка во ЕУ која што наместо да работиме во 21-от, 22-от век да се враќаме назад во средновековието и во 11-от и 12-от век. Од прилика таа е реалноста, инаку апсолутно добиваме подршка и сите буквално со симпатија гледаат кон оваа малубројна земја во срцето на Балканот со прекрасни граѓани, изјави Мицкоски.