Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања најави инспекции за сите универзитети кои ќе добијат временски период да ги отстранат недостатоците, а доколку не го направат тоа ќе бидат санкционирани, воедно потенцираше дека реформите во високото образование ќе се случат и ќе напредуваме како држава.

Инспектори од државниот просветен инспекторат ќе има на сите универзитети и сите ќе добијат разумен рок доколку не ги исполнуваат условите да ги отстранат, а доколку тоа не се случи ќе бидат санкционирани согласно закон како што е предвидено. Треба и ќе има реформи во високото образование тоа да бидете сигурни и дека ќе напредуваме на скалите и дека ќе имаме нов закон за висoкото образование, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека за брзо ќе се вратат и Web of science и Scopus како референтни бази на научни списанија од кои ќе се напредува и многу скоро ќе биде бесплатно за сите универзитети, да може сите работници на универзитетите бесплатно да го користат сите тие списанија од овие две научни  бази.

Во однос на прашањето од пратеникот Димитар Апасиев за образованието на директорот на АНБ, премиерот Мицкоски посочи дека документите за универзитетот кои пратеникот не се целосни, а инспекција на тој универзитет ќе има како и за сите останати.

Можеби ги доставил некој документите до господинот Апасиев, но не му се тие целосни. Би сакал да дадам неколку аргументи, уверение за положени испити од прв циклус издадено на 27.12.2022 година, го имате ли тоа од истиот универзитет кој го цитирате? Тоа е дека студентот Бојан Христовски се стекнал со 180 кредити и истите овие предмети се препишани на уверението една година подоцна 14 август 2023 година, вкупно 39 заклучно со дипломскиот труд. Првичното уверение има 31 испит од 27.12.2022 тоа се 180 кредити и за една година се положени уште 8 предмети за стекнати 240 кредити, изјави премиерот Мицкоски.