Оваа Влада на СДСМ И ДУИ беше затворена во едно едноумие, не успеаја да функционираат со опозицијата, јасно им е дека не можат да го испорачаат тоа што го прифатија. Претпоставувам дека и по седницата ќе продолжат со својот инает, да ја оптеретуваат јавноста наместо час поскоро да одиме на предвремени парламентарни избори, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител.
Според Мицкоски грешката е направена кога дел од меѓународната зедница се договараше со губитничка Влада.
„Наместо да замине Владата, тие влегоа во континуирано договарање со меѓународната заедница, а беа подготвена да ветат се и да останат ден повеќе на власт. И тоа го направија без да имаат мнозинство, а го немаа затоа што не разговараа со ВМРО-ДПМНЕ. Не ја послушаа најголемата политилка партија и потоа правеа репограмирање и таа цел стана па почнаа есента ќе се случат измените, па на крај на годината и дојдовме до крајот и тој процес ќе застапне. И треба да кажеме проблемот е на маса. Пред граѓаните треба да излеземе и да го понудиме тоа што го кажува ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.
Мицкоски заклучи дека „нема да има уставни измени под бугарски диктат, за слепата улица во која влегува земјава одговорна е само оваа власт, изборите се решение“.
„Ќе бараме гаранции од ЕУ кои недвосмислено ќе го потврдат македонскиот идентитет, култура традиција и јазик, бидејќи за жал во протоколот кој го потпиша Бујар Османи има идентитетски интервенционизам. Никогаш бугарските политичари немале проблем со современата дефиниција за македонскиот народ од 1945. Ние дискутираме шти било претходно. Во бугарскиот парламент сега има Декларација за Илинденското востание.
Ако не сме загрижени дека ќе се смени нашиот идентитет, да го тргнеме билатералниот договор од преговарачката рамка. Ако се отвора темата за промена на Уставот, не смееме да ја испуштиме суштината. Ако нешто давам, истовремено и вие треба да дадете нешто. Барем неколку од тие пресуди во Стразбур за македонската заедница во Бугарија. Како инаку вие мене ќе ме убедите дека имате добра намера и дека го заслужувате тоа што го барате. Имате 14 пресуди за македонската заедница и нула за бугарската заедница во Македонија – не знам кој е тука дискриминиран. Ние бараме одлуки да бидат имплементирани од легални европски институции, не бараме ништо повеќе.
Протоколот и билатералниот договор се опасност во иднина за дополнителен историски интервенционизам и нови вета“, рече меѓудругото Мицкоски.
Тој додаде дека дури и се да исполни Македонија што бара Бугарија, никој не гарантира дека државата ќе стане членка во Европската Унија, додавајќи дека многу преставници на меѓународната заедница дојдоја во државата да ни го кажат токму тоа и за пример ја посочи Република Турција која што е економски е многу помоќна од нас и со децении преговара со ЕУ и уште е далеку од нејзино полноправно членство.