Искуството вели дека кога и да се поднесе иницијатива од опозицијата, од ВМРО-ДПМНЕ и најбрилијантна да е се одбива. Не е проблем ние да поднесеме иницијатива за ревизија на платите на функционерите, но ќе се одбие, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител.
Мицкоски додаде „да бидам попрактичен за неколку месеци ќе имаме друга влада предведона од ВМРО-ДПМНЕ и ќе предложиме ревизија на платите на функционерите“.
Мицкоски укажа и дека мора да се најде решение за пензионерите и кажа што би правела ВМРО-ДПМНЕ кога би била на власт.
„Прво би седнале и би разговарале со пензионерите би ги ставиле сите работи на маса за да можеме заеднички да дојдеме до заклучок“, рече Мицкоски.
Тој информираше дека претходно пензиите растеа и во однос на трошоци на живот и во однос на раст на просечна плата, но и линерано се зголемуваа. Оваа Влада, додаде тој, тоа го укина и го врати скоро, и со тоа ги оштети пензионерите.