Уставни измени под овие услови и под бугарски диктат се невозможни. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ќе ја заврши својата политичка кариера, ако само и еден пратеник на опозицијата гласа за промена на Уставот, без прифаќање на барањата на ВМРО-ДПМНЕ, објави ТВ Алфа.

Според Мицкоски далеку од реалноста се зборовите на министерот за надворешни работи Бујар Османи, дека постоеле пратеници од опозицијата кои би гласале за уставните измени.

-Имам 100 процентна доверба во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, во сите оние 44 кои што се во Парламентот. Впрочем пред точно една година реков помине ли ова јас заминувам од политиката, има ли од нивна страна нешто да кажат, тие велат ако не помине ова ќе си останеме да крадеме уште некој месец, а јас викам еден да помине јас си заминувам, тие викаат и да не помине ова ние ќе крадеме уште некој месец, додека можеме. Ете тоа е разликата помеѓу тие и ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.

Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ овој бугарски диктат нема да го поддржи, ниту сега ниту во иднина, кога ќе ја предводат централната власт. Нема начин тоа да се промени, ако на маса не се видат европските вредности од страна на Бугарија и гаранциите кои опозицијата ги бара за евроинтегративниот пат на државава.

Целиот текст и видеото може да го отворите ТУКА.