Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје. Тој изврши увид на нова апаратура која беше поставена на одделот за физикална терапија и рехабилитација. Одговарајќи на новинарско прашање по изјава на Претседателот на СДСМ Венко Филипче за тоа како работи Владата, премиерот даде свое видување.

– Венко Филипче е се уште претседател на најголемата опозициска партија во Македонија. Тој е нормално така да ја оценува Владата бидејќи тој мисли дека на тој начин ќе добие поддршка во своето гласачко тело и кај граѓаните. Тој ја оценува Владата за година и половина свое работење и тука дава свиј суд, но затоа пак никогаш не дава свој суд за своето претседателство кој за истиот период во СДСМ. За тој период вели дека е прекраток за да се цени неговата работа, но тогаш како наоѓа за сходно да ја цени Владата за тој ист период. Изјавите се какофонични, една со друга контрадикторни и не мислам дека тоа е правата порака што треба СДСМ да ја испраќа. Но, тоа се нивни работи и тие знаат како треба да работат, рече Мицкоски.