Имало многу контроверзни ликови на македонската политичка сцена од осамостојувањето па се до денес со кои се врзани многу митови, определнени сведоштва, вистини, невистини…. Но, за мене моногу е важен моралниот кодекс кој често го повторувам, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Алфа.
-Моралниот кодекс ќе биде основно начело на функционирање на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа ќе биде и еден од принципите врз кои ќе се прави идната влада, на тој принцип и ќе се прави коалицирањето, посочи Мицкоски.
Според него многумина се и скептични во однос на тоа.
– Многу ќе речат сега сум во опозицијата, ќе биде друго кога ќе бидам на власт. И тоа е нормално луѓето се незадоволни, често биле лажени. И кај нив се создава едно чувство, едно видување дека сите се исти. Но, не се сите исти, а една од алатките ќе биде токму тој морален кодекс, посочи Мицкоски.
Што се однесува до економската ситуација, тој посочи:
„Денеска излезе статистички показател за вработени во индустрија, за околу 5 отсто е помал бројот на вработени во март 2020-тата од тој што е во 2019-тата година. Во април којзнае колку ќе биде. А индустриско производство е за 13.7 отсто помало во март 2020-тата година споредено со март 2019-тата година.“
Дополнително, според Мицкоски Владата на СДСМ го задолжила секое семејство за дополнителни 15 000 денари и извршила масовен грабеж.
-Во првите три месеци од годината се случил масовен грабеж односно во првиот квартал во 2020 и практично секое семејство во Македонија е задолжено за само тие три месеци со дополнителни 15 000 денари. Ако направите анализа во годините наназад ќе дојдете до заклучок на она што го зборував јас дека 120 милиони евра се точно 43 проценти од планираниот буџетски дефицит на оваа влада во текот на целата 2020 година, истакна Мицкоски.
Што се однесува до реакцијата на СДСМ и Заев за полициската акција во Струмица, Мицкоски изјави:
-Знам дека имало прилично непријатни сцени, прилично насилни сцени во рамките на полициската станица во Струмица барем од тие информации кои што ги имам од страна на едно лице кое што е дел од семејството донатори. И доколку навистина е се според закон, ако е се како што тие тврдат дека е нема потреба да стравуваат, вели тој.
Мицкоски потенцира дека вистината е дека лицата кои биле приведени биле фатени како се движат во време кога имало ограничување на движењето, а тие ја немале потребната дозвола, а полициските службеници реагирале соодветно на ситуацијата. Известен бил и јавен обвинител кој постапил соогласно законот.
-Вистината е што се фатени тие лица дека се движат во време кога има ограничување на движењето на граѓаните без дозвола. И тогаш полициските службеници од она кое што го слушав како официјална информација реагирале. При таа реакција известен е јавен обвинител кој превземал дејствие согласно закон и констатирано е тоа што е констатирано. Денеска имаше соопштенија и јавното обвинителство. Практично имаше реакција од обвинителството, дежурниот обвинител постапил согласно тоа што му налага законот и понатаму ќе оставиме судството обвинителството, органите на прогонот да си ја завршат работата онака како што ценат.