Одговорно е час поксоро да има предвремени избори зашто државата тоне во економска криза и КОВИД пандемија, луѓето ги губат своите животи, енергетската криза тропа на врата, образованието е катастрофално, а буџетскиот дефицит за само 40 дена е повеќе од 11,2 милијарди денари, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Не би можел да издвојам ниту еден параметар што не движи во правилна насока. Затоа, одговорно е да имаме предвремени избори и ќе го повторувам тоа додека политичарите во Владата не се освестат и не излезат за да видиме каква е довербата на народот, истакна Мицкоски по посетата на Ѓорче Петров.
Тој јавно упати апел до претседателот на Собранието Талат Џафери, да ја свика Комисијата за избори именување е функционална. Како што рече, одговорајќи на новинарски прашања, Парламентот е функционален, а седницата на Комисијата не се закажува зашто веројатно некому му е страв.
-Комисијата за избори и именувања е функционална, не гледам причина зошто Џафери не ја свика за предлозите што се на дневен ред. Тоа што сега не ја свикуваат, се плашат зашто нивните партизирани судии најверојатно нема да бидат избрани, зашто не се сигурни во мнозинството. Овојпат не можат да киднапираат пратеници и да ги чуваат натаму – наваму. Го повкувам Џафери уште денеска да ја закаже Комисијата за избори и именувања, таму има пратеници кои ќе си гласаат по сопствено убедување. Не се согласувам дека Собранието не е функционално, има 120 пратеници, рече Мицкоски.
Мицкоски во Ѓорче Петров: СДСМ и ДУИ се нервозни, имаат 20-тина градоначалници, а немаат ниту еден отчет, затоа што ништо не направиле
Генерално, градоначалникот кажа за техничките детали за проектот, самиот проект што подразбира, што значи овој проект за мештаните, околните жители овде во општина Ѓорче Петров.
Она што мене ме радува е фактот дека и покрај сите проблеми, дел од нив и ги спомена Александар, сепак Општината продолжува да работи на терен, продолжува да ги исполнува ветувањата кои што се дадени пред граѓаните.
И од тука е и нервозата кај нашиот политички конкурент, кога ги напаѓа градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. А, имате во Македонија повеќе од 20 градоначалници од СДСМ и од ДУИ, а јас ниту отчет видов, ниту знаеме кој проект го реализираа.
Така што сето тоа кое што денеска претставува напад, сето тоа кое што претставува непринципиелен напад, ние со насмевка мораме да го прифатиме и истовремено да одбиеме што би се рекло на невистините кои што доаѓаат од нашиот политички противник СДСМ.
А, она кое што исто така е важно е во периодот кој што следи и покрај сите предизвици да продолжиме да работиме, да го испорачаме тоа кое што сме го ветиле кај граѓаните, но и да испорачаме повеќе од тоа што сме ветиле на граѓаните. Затоа што мора да покажеме дека не се сите исти и дека ние сме различни затоа што ни претстојат предвремени парламентарни избори кога граѓаните треба да ја дадат довербата на тој на кој што тие мислат. А, ние цениме дека сме многу поконкурентни и многу покомпетитивни, и луѓе кои што држат до зборот и тоа што го ветуваат и го испорачуваат.
Така што срамот ќе си остане кај тие што денеска се гласни, а треба да молчат. А, ние ќе продолжиме да работиме, колку пониско тие удираат толку повисоко ние ќе се креваме.