Во вечерашното гостување во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски истакна дека македонскиот народ е промакедонски, а не проруски како што политичарите од власта го делат, укажувајќи дека него лично го интересираат македонските интереси и на македонската држава.

-Јас ги разбирам граѓаните кои што во револт на овие анационални политики кои што се револтирани поради сето она што се случуваше изминатите години, промена на име, насилна промена на власт, узурпирање на власт, многу криминал и корупција, нелегитимен премиер инсталиран, па во знак на револт секогаш ќе бидат спротивно од тоа што овие нелегитимни и невлијателни политичари го рефлектираат во јавноста. И затоа никако не можам да се сложам ниту пак можам да подржам една таква теза дека македонскиот народ бил проруски. Не, македонскиот народ е промакедонски, а тоа што овие политичари немаат ништо македонско во нив, тоа е друг проблем и тоа е суштината, потенцираше Мицкоски.

Мене ме интересираат интересите на мојот народ, на македонскиот народ и на мојата македонска држава. И ме интересира како тоа од 100 македонски граѓани половина уште останаа таму не може да си ги донесат тука, а ќе одела Славјанка да војува, вели Мицкоски.

-Некој ќе рече на овие им е само до власт. Но, не ни е само до власт, ако така гледаме можеби ние сега сме во најкомотна позиција, двапати поголем рејтинг, 50тина општини, не еве ќе дојде денот кога ќе го повикаме народот, јас лично ќе го повикам народот против оваа корумпирана, криминализирана и неспособна и анационална власт. Многу скоро ќе дојде тој ден, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце.

Мицкоски вели дека ќе побара поддршка и од медиумите и од сите граѓани масовно да излезат и да покажат пркост што навистина мислат граѓаните за оваа владеење на владата на СДСМ.

Ќе побараме и општествена поддршка од вас, од луѓето кои што се креатори на јавното мислење. Ако мислите дека е вака добро, тогаш јас сум бил во заблуда, ако не придружете ни се, да излеземе сите масовно да покажеме пркост, да покажеме што мислиме, изјави тој.

На прашањето што смета тој за предвремените парламентарни избори со оглед дека СДСМ не прифаќа, Мицкоски потенцираше дека власта е исплашена бидејќи ќе им се случи огромен пораз.

Тие се уплашени од својот страв, тие се двојно уплашени, како ќе се согласат кога они знаат што ќе им се случи. Ќе им се случи огромен пораз, дециден е Мицкоски.