Граѓаните од оваа, една од најмалубројниуте земји во срцето на Балканот и во Европа го одеа и го одат најтешкиот пат ако може да кажеме го одат, бидејќи се наоѓаме на истото место каде што бевме пред 20 години, истакна на денешната заедничка прес конференција со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.

-Претседателот Кошта во неговиот говор пред малку кажа дека патот до полноправно членство во рамките на ЕУ е фрустрирачки, тежок и предизвикувачки. Но, ние како граѓани како народ можеме да кажеме дека го одиме можеби и најтешкиот пат. Факт е дека тој пат го одеа и другите народи, кои што се сега дел од европското семејство, но граѓаните од оваа, една од најмалубројниуте земји во срцето на Балканот и во Европа го одеа и го одат најтешкиот пат ако може да кажеме го одат, бидејќи се наоѓаме на истото место каде што бевме пред 20 години, рече Мицкоски.

Се надевам дека во периодот кој што следи ќе го одблокираме овој процес, достоинствено, рече меѓудругото премиерот Мицкоски.

-Се надевам дека во периодот кој што следи ќе го одблокираме овој процес, достоинствено. Бидејќи една од суштинските европски вредности е токму достоинството, и достоинствени ќе бидеме дел од европското семејство.

Присуството на претседателот на Европскиот совет г-динот Кошта, не е само потврда на нашата дипломатска соработка туку и реален чин на внимание, поддршка и интерес за иднината на целиот Западен Балкан да биде наскоро дел од Европската Унија, изјави Мицкоски.

-Во ова нова етапа кога граѓаните ја препуштија одговорноста на новата македонска Влада, моја обврска како премиер е да зборувам отворено, искрено и достоинствено. Тоа го правам првенствено затоа што имам должност кон народот но и кон самата европска идеја што толку упорно настојуваме да ја реализираме, рече Мицкоски.

Нашата посветеност во процесот на евроинтеграции ќе остане и ќе се засили во периодот кој што следи, додаде премиерот Мицкоски.

-Нашата посветеност во процесот на евроинтеграции ќе остане и ќе се засили во периодот кој што следи, затоа што веруваме дека иднината на македонските граѓани е во рамките на европското семејство, рече македонскиот премиер.