Секогаш е задоволство кога се разговара со луѓето кои се дел од реалниот сектор, бизнисот. Денеска сме овде во Сојузот на стопански комори на Македонија, разговараме за тоа што на буквално шверцерски начин се носи во парламентот, а тоа се оние три закони кои дополнително ќе го оптоварат бизнисот. Нема да му помогнат на бизнисот, туку дополнително ќе го оптоварат. Зборуваме за Законот за ДДВ, потоа Законот за персоналниот данок и условно како што во јавноста беше промовирано тоа е Законот за солидарност, изјави денеска претсеателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со Сојузот на стопански комори.

На овој начин, вели тој, се оптеретуваат оние кои се успешни и оние кои создавале профит во услови на криза. На овој начин не се намалува сивата економија, односно не се казнуваат оние кои не ги почитуваат своите обврски кон државата, не ги плаќаат своите даноци кон државата, туку ги сокриваат и се дел од онаа неформална сива економија, туку се казнуваат оние коишто своето работење редовно си го пријавуваат, се успешни и во услови на криза успеале да создадат профит и тој профит денеска го оданочуваме под името Закон за данок за солидарност.

-Мора јавноста да знае дека ова е се, само не солидарност и ако обидот на владата да пристапи кон граѓаните со тоа што ќе ги оданочи овие кои заработиле и потоа тие пари ќе завршат кај оние кои им недостасуваат, не е точно. Тоа е лага. Овие пари ќе завршат кон проекти кои се сомнителни и во тендери во 4 очи, во приватни џебови, односно во дупка која оваа криминална и неспособна влада ја создава во буџетот.

Второ се повикуваат на искуство во Европа, а искуството во Европа вели да постои еден таков данок кој се случуваше за време на енергетската криза, но тој данок беше Виндфол профит. Тоа би значело профит кој се случил ненадејно односно се зголемила цената на енергенсите, вашата производна цена останала иста или се намалила и профитот станал екстремно голем, тогаш е логично, тој кој создал таков случаен, ненадеен, непланиран профит да дел од својата заработка ја сподели на оние кои книжат загуба. Кај нас таков случај немаме. Тоа е суштината, тоа е она што е погрешно во рамките на политиките на оваа власт.

Ние цениме дека требаше да ги запознаеме компаниите дека изминативе неколку месеци работевме со владата посветено, разговаравме во рамките на парламентот, ги аргументиравме нашите позиции, не наидовме на разбирање, ниту од соодветниот министер, ниту од страна на владата и еднострано ги повлекоа овие закони и потоа ги изменија.

Ако претходно велеа дека ќе зафаќаат околу 80, 90 милиони евра, сега и тоа е коригирано, останува станува збор за 140 милиони евра и тие ќе треба да ги зафатат од успешните компании и ги вратија назад вчера на шверцерски начин пред завршување на самата седница со европско знаме.

Така работеше оваа влада изминативе 6 години, уште неколку месеци ќе работи, а потоа следат избори и одговорност за сето ова кое се случи во Македонија, посочи Мицкоски.