МИЦКОСКИ: Мијалков одработува за Заев, кога е тој во прашање судиите забораваат да закажат рочишта!

/ 30.07.2020

Тој човек е исклучен од партијата долго време, сега се обидува да направи нешто и мислам неуспешно ќе биде тоа. Иако до мене стигнуваат шпекулации како ќе влезел во партијата, но мислам дека сепак тоа е само во дел од шпекулациите, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Алфа говорејќи за нападите на Сашо Мијалков врз него.

-Следите дека судиите забораваат да закажат рочиште кога тој е во прашање, но мислам дека тоа се луѓе кои се во скутот на Заеви. Ако не соработуваа знаат како ќе завршат. Мијалков одработува и е во скутот на Заев со цел да се спаси од сомнежите за криминал против него, судиите забораваат да закажат рочиште кога тој е во прашање, истакна Мицкоски додавајќи:

Реалност е дека сите тие што критикуваат се луѓе кои бараат моја смена се во скутот на Заев и имаат по неколку кривични пријави и сега треба да дехидрираат од плукање по мене. Тие луѓе го доведоа ВМРО-ДПМНЕ во лоша ситуација, тие може да бидат се но никако алтернатива. Ќе се направи една катарза, ќе има нови луѓе, објавивме конкурси, од понеделник ќе има конкурси за општински комитети, до крај на август нов состав на Извршниот комитет“.


Од истата категорија