Подобро да ја кандидиравте тетка ти Жана, отколку измеќарот на Али Ахмети, одговори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на ниските удари од Димитар Ковачевски, претседателот на СДСМ.
– Го слушам вчера Ковачевски од тука од Карпош вели дека тој не ја кандидирал тетка му Жана, не ја знам госпоѓата сигурно е прекрасна дама интелигентна. Но мој совет до него да ме прашаше ќе му кажев подобро Жана да ја кандидираат отколку измеќарот на Али Ахмети, Стево Пендаровски. Кога сме кај Стево Пендаровски сакам да потсетам на неколку работи затоа што ако не се потсетуваме ќе заборавиме, а јас не сакам да се заборават работите кои понатаму ќе бидеме обвинувани дека не сме ги кажале и не сме потсетиле, рече Мицкоски на синоќешниот голем митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош.
Мицкоски истакна дека Пендаровски го нема никаде пет години да се појави, а се фали дека решавал илјадници проблеми.
– Стево Пендаровски пет години го нема никаде и се фали дека решавал илјадници проблеми еве јас ќе му поставам едно прашање. Нека каже Стево Пендаровски не 1000, не 100, не 10, туку еден проблем кој тој го решил а јас можам да му набројам сега 10 кои ги создал. Па ќе го слушнете Стево како излегува на бина и небаре прв пат е на политичката сцена, а заборава дека цели 30 години битисува на македонската политичка сцена, па ќе го слушнете како тој ќе ви каже дека го осудувал криминалот и со тоа директно посочува дека владата на ДУИ и измеќарите од СДСМ се најкриминалната и најкорумпираната политичка гарнитура која некогаш ја водела Македонија, рече Мицкоски.
Мицкоски натаму потсети на „проблемите кои ги решил Пендаровски“ во петгодишниот мандат:
-Прашањето е по што Стево ќе биде препознаен овие 30 години откако функционира на македонската политичка сцена, дали некој може да ми каже која е добрата работа по која Стево ќе биде препознаен, јас не можам да се сетам, не памтам долго 30 години, но во последните 5 не можам да се сетам на една паметна работа која Стево Пендаровски ја направил, а можам на многу други лоши работи како на пример дека Гоце Делчев бил Бугарин, се сеќавате ли на таа работа, се сеќавате ли на Стево Пендаровски кога кажа дека ако не бил претседател и тој ќе се иселел од Македонија, имаме шанса 24 април да излеземе масовно сите и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, да гласаме за бројот 2 и да му помогнеме на Стево да почне да ги пакува куферите а потоа на 8 мај уште помасовно и жестоко да излеземе не само да ја направиме Македонија горда, туку да ја направиме твоја, ваша, наша Македонија, рече Мицкоски.
Тој нагласи уште еднаш дека на овие избори не треба да се наседне на лагата на СДСМ и Стево Пендаровски.
-Ова не се избори во кој треба да наседнеме на лагата која се обидува СДСМ и Стево Пендаровски да ни ја продадат дека ова биле избори за ЕУ и против ЕУ. Не, тоа е лага, сите ние сме за европска иднина, сите ние сакаме да ја видиме Македонија во Европската Унија, но тој пат со СДСМ не чини многу скапо, сите нивни предавства, договори, сиот срам и понижување кои го направија нивните влади изминативе децении не чинат премногу, не чинат криминалот, пљачката која ја прават позади завесата. Ова се избори од една страна за горда Македонија, достојна Македонија, за Македонија во која Гордана ќе биде претседател, за Македонија која коалицијата „Твоја Македонија“ и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја водат владата, Македонија на реформи, трансформација, економски просперитет. Од другата страна ја имаме како што би рекол нивната Македонија бидејќи тие ја делат Македонија на наша и ваша, погледнете го слоганот на Стево Пендаровски тој бил нашиот, а не вашиот претседател, тој бил претседателот на тие што го гласале, а не на сите граѓани, рече Мицкоски.