При денешната посета на општина Ресен во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе биде маж или жена и на кој начин ВМРО-ДПМНЕ ќе го избира претседателскиот кандидат истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има сериозна внатрешна процедура, преку организирање на изборна конвенција на која делегатите ќе го изберат најдоброто решение за Македонија.
„Ние во минатото како политичка партија се покажавме дека имаме навистина широки погледи за тоа кои ќе бидат претседателски кандидати, ВМРО-ДПМНЕ има една сериозна внатрешна процедура, преку организирање на изборна конвенција која што е статутарна одредба, делегатите кои што произлегуваат од членството ќе го дадат своето мислење, очекувам да има кандидати кои ќе бидат и мажи и жени, па делегатите на конвенцијата нека го изберат најдоброто решение за Македонија пред се, а потоа и за ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи Мицкоски.