Најпрво ќе ми дозволите на сите православни христијани, на сите оние кои што денеска го слават овој голем христијански празник Успение на Пресвета Богородица да им го честитам и да им посакам здравје, среќа, успех на нив и на нивните семејства, порача денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој беше меѓу народот во Македонска Каменица и Берово.
– Исто така ќе ми дозволите и на сите граѓани во Македонија да им посакам бериќет и да живееме во една Македонија во онаква во каква што сакаме да живееме. Држава во која што се помалку ќе има порази, а се повеќе ќе има победи. Држава во која што луѓето ќе се среќни, а не за жал како сега што се несреќни. Така што на овој голем христијански празник, уште еднаш на сите граѓани кои го слават да им го честитам празникот, да има ја честитам славата и да им посакам успех, здравје и среќа на нив и нивните семејства, рече Мицкоски.
Инаку денеска Македонска Каменица освен Голема Богородица го слави и Денот на рударите и ден на општината.