Во интервју за „Република“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на отворањето на музеј во селото Сопот и дали ДУИ секогаш кога се соочува со пад на рејтингот посегнува по национални теми истакна дека реминесценцијата на национал романтичарски теми на ДУИ е за покривање на нивниот криминал, но на следните избори ДУИ негативно ќе се изненади.

„Враќањето на реминесценција на некои национал романтичарски идеи од некои минати времиња за ДУИ се секогаш можност да се обидат да го дефокусираат јавното мислење од јавните теми и реалните проблеми. Сега вие кога знаете дека Гостивар, Тетово, Кичево, Струга, Чаир се празнат, луѓето се иселуваат и тоа многу повеќе се иселуваат отколку останатите граѓани, граѓаните Албанци, кога гледате дека неколкумина од врхушката на ДУИ стануваат милионери, сопственици на милионски имоти без разлика дали се тоа движни или недвижни имот, кога гледате како располагаат во секојдневниот живот со многу моќ со многу финансии, тогаш за да тоа го одбегнат, единствената работа која што ја прават е токму тоа што кажавте враќање и реминисценција на некои национал романтичарски времиња и на тој начин се обидуваат и ВМРО-ДПМНЕ и но и условно кажано другите албански политички субјекти да ги навлечат на теренот на кој што тие се највешти. Но мислам дека македонската јавност и политичките партии се свесни за оваа груба манипулација, односно обид за груба манипулација и видовте дека тоа не фати корен, еден ден траеше другиот ден веќе и таа биста ја снема, видовте дека тоа некако не фати корен но тие нема да престанат. Секој таков скандал секоја таква реминисценсција на испраќање на националистички и шовинистички пораки од страна на врхушката на ДУИ значи дека се случува нова пљачка. И нови неколку автобуси со млади луѓе кои што трајно се иселуваат од Македонија. Ценам дека од она што јас го разговарам со граѓаните Албанци дека на следните избори ДУИ сериозно ќе биде непријатно изненаден“ нагласи Мицкоски.