Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со амбасадорот на Унгарија, Н.Е. Андраш Клајн, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата беше посочено од страна на Мицкоски дека блокадата со која се соочува државата на патот кон ЕУ интеграциите поради потребата за уставни измени преставува доказ за погрешните чекори и слепата улица во која е доведена Македонија како последица на капитулантската надворешна политика, но и чекорите без стратегија со која владата ја доведе земјата во незавидна состојба.

Уставни измени од оваа власт, под ваков бугарски диктат нема да се случат, а сите спротивни изјави од првенците на власта се само евтин политички маркетинг и де фокус од нивната неспособност, власта нема мнозинство гласови да работи спротивно од волјата на народот, посочи Мицкоски на средбата со Клајн.

На Македонија и е потребна интеграција во ЕУ базирана на извесна иднина без дополнителни условувања и уцени, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој ја истакна и загриженоста за тешката економска состојба, енергетската криза и растечката инфлација, се вели во соопштението на партијата.