Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во телевизија Телма истакна дека единствена причина поради која тој е мета на секојдневни напади е тоа што тој е последната брана во Македонија за сите оние кои се длабоко навлезени во криминал и корупција. Тој посочи дека тоа што е најнапаѓаниот политичар од мафијата на власта само дополнително го мотивира да истрае во борбата за правда.
-Јас Христијан, јас како човек сум последната брана во оваа држава на сите оние кои се длабоко навлезени во криминал и корупција, политичари и друг тип на елити. И од сите страни сум напаѓан и понатаму ќе бидам напаѓан. Тука ги подразбирам оние мафијаши за кои што говорам од почетокот на емисијата. Оние кои што ја урнаа државата, оние кои што ја опљачкаа Еуростандард банка, оние кои што ја задолжија државата. Да се биде најнапаѓаниот политичар од страна на овие мафијаши само ми е дополнителн мотив да се борам против оваа неправда што се случува во државата. Секојдневно тоа ме мотивира и ме прави поодлучен во таа борба, никогаш нема да се повлечам додека овие мафијаши не ја добијат правдата која треба да ја добијат, вели Мицкоски.