Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денес во Владата оствари продуктивна средба со раководството на Казанчи Холдинг групацијата, која преку своите енергетски компании претставуваат еден од најголемите енергетски гиганти во својата област.

Со повеќе од 25 години искуство, Акса енерџи е водечка турска компанија во енергетскиот сектор и клучен глобален инвеститор во одржлива енергија.

-Компанијата располага со инсталиран капацитет од над 3500 мегавати во 8 земји, додека мнозинскиот сопственик на Акса енерџи, Казанчи Холдинг, работи во 22 земји на 4 континенти. Во минатото говорев кога станува збор за решавање на проблемот со загадување на воздухот дека разговараме со инвеститори кои се заинтересирани за градење на когенеративни гасни централи кои всушност се единственото трајно решение за загадениот воздух и дека се друго би значело ставање на проблемот под тепих. Станува збор за когенеративни централи со 500 мегавати, инсталиран капацитет кои би произведувале теоретски годишно 4,1 терават часови електрична енергија и околу 720 гигават часови топлинска енергија на годишно ниво, рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека токму Казанчи Холдинг е компанијата со која денес разговарале за изградба на секундарна мрежа на гас и топловодна мрежа која ќе стигне до домаќинствата по исклучително поволни услови.

-Приклучоците на гасоводна и топловодна мрежа се предвидува за граѓаните да бидат нула денари, а цената на природниот гас за домаќинства ќе биде многу пониска од онаа која што е на берзите, реле Мицкоски.

Наскоро поопширно