Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на промоцијата на програмата Платформа 1198 за претстојните парламентарни избори, закажани за мај годинава најави укинување на тарифата за пристап на мрежа која граѓаните ја плаќаат во сметките за електрична енергија.

„Има една такса која од оваа година РКЕ почна да ја наплаќа а тоа е пристапот на мрежа, тоа е како да наплаќа некој пристап на тротоар, пристап на улица, пат. Тие одлучиле да наплатат пристап на мрежа за да обезбедат повеќе пари а да не кажат дека ја поскапеле цената за граѓаните. Ние тоа ќе го укинеме, сепак 200 денари можеби не значи многу месечно но кога тоа ќе се мултиплицира е доволна заштеда за семејниот буџет“, кажа Мицкоски.

Мицкоски најави модернизација на РЕК БИТОЛА – стожар на македонскиот електроенергетски систем