Денеска Скопје е домаќин на една важна посета, присуството на претседателот на Европскиот совет г-динот Кошта, не е само потврда на нашата дипломатска соработка туку и реален чин на внимание, поддршка и интерес за иднината на целиот Западен Балкан да биде наскоро дел од Европската Унија, истакна денеска на заедничката прес конференција со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски..

-Во ова нова етапа кога граѓаните ја препуштија одговорноста на новата македонска Влада, моја обврска како премиер е да зборувам отворено, искрено и достоинствено. Тоа го правам првенствено затоа што имам должност кон народот, но и кон самата европска идеја што толку упорно настојуваме да ја реализираме, рече Мицкоски.

Нашата посветеност во процесот на евроинтеграции ќе остане и ќе се засили во периодот кој што следи, додаде премиерот Мицкоски.

-Нашата посветеност во процесот на евроинтеграции ќе остане и ќе се засили во периодот кој што следи, затоа што веруваме дека иднината на македонските граѓани е во рамките на европското семејство.