Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ како опозиција се однесува одговорно и свесно, секој чекор се анализира и секој предлог кој го даваат е предмет на една голема исцрпна дебата но власта нема слух, како што беше случај и со предлогот за покачување на пензиите за 20%.

– Ако не се краде има доволно, многу се краде. Зошто ние кажавме 20%? Од моментот кога е донесена измената во законот, мислам дека во декември 2018-та па до сега, тоа што им е одземено на пензионерите отприлика би резултирало со 20% поголема пензија од таа што е сега.
Ако го анализираме стандардот на пензионерите, ние предлагаме да ги зголемиме за 20% или еднократно на сите линеарно ако е просечната пензија негде над 15.000 денари, да ги зголемиме по 3000 денари сите пензии. Моментот кога се интервенираше во законот и кога практично едниот основ им се избрише, остане само едниот основ, на пензионерите овие 3 години им се скратија околу 20%. Така ние дојдовме до идејата 20% да зголемиме – не сакаат! Зошто? За да има повеќе пари за крадење, за тендери во 4 очи и злоупотреба најпрвин на вонредни ситуации кога беше ковидот, па сега на кризи итн – рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека и меѓународните финансиски институции во своите извештаи нотирале огромна нетранспарентност и злоупотреба во времето на вонредната состојба, како што се ММФ, Светска Банка итн.

– Резултатот на сето тоа е нови 600 милиони долг кој што го предвидува Фатмир Бесими за да може да ги покрие сите дупки. – додаде Мицкоски.

Што се однесува до владините економски мерки, тој истакна:

-Владата на СДСМ е неподготвена во однос на кризата, а државата нема доволно количини на стокови резерви. Зошто тогаш ако имаше доволно стокови резерви не се интервенираше на пазарот за нафта и нафтени деривати, тогаш ќе немавме проблем со цените, ќе немаше цените да одат до плафон, ќе немавме ние никаков проблем, ако се подготвувале.

На прашањето дали смета дека државата нема доволно резерва на нафта и нафтени деривати Мицкоски рече:

-Ние ќе си интервениравме со државните резерви и со тие државни резерви ќе ја амортизиравме цената, немаше таа да биде во плафон како што е сега. Има држави кои што ги ограничија, државата ќе интервенира со тие количини кои што ги има, нели се подготвиле и ќе ги ограничеше цените и ќе речеше ова се максималните цени еве ви евтина нафта бидејќи ние обезбедивме и се подготвивме порано.

Мицкоски ги охрабри и медиумите да проверат дали има доволно количини на мазут, но и доволно количини во стоковите резерви за останатите артикли.

Но не само што не беа подготвени, туку и денес да ги прашате каква им е стратегијата не знаат. Еве прашајте ги дали имаат доволно количини и проверете како медиум ве охрабрувам, појдете на терен каде што се државните резерви да видите дали има доволно количини на мазут. Дали има доволно количини во стоковите резерви за останатите артикли, нагласи Мицкоски.