Денес сакам да најавам две важни вести, најави македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

– Првата е реконструкција на ЈЗУ Градска општа болница „8-ми септември“ или популарно наречена „Воена болница”. Втората, реконструкција и нова административна зграда на Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Повеќе детали на прес конференцијата која следи, напиша на Фејсбук претседателот на владата, Христијан Мицкоски.