Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека многу набрзо од денес започнува изградбата на спортската сала во Воената академија.
-Преку Министерството за спорт, во склоп на Воената академија ќе отпочне реализацијата и на таа спортска сала, набргу. Тоа е еден од оние проекти коишто се дел од капиталните инвестиции, ние мораме да имаме повеќе капитални инвестиции со што ќе ја зголемиме економската активност на компаниите кај нас, а со тие капитални инвестиции ќе го зголемуваме бруто домашниот производ, така што и тоа е едно од оние ветувања што ќе отпочне со реализација бидејќи го помина владиниот филтер на текот на вчерашната владина седница, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.