Досега не сме задоволни како се води истрагата за Рекет, напротив, мислиме дека има класична злоупотреба и прикривање на вистинскиот инспиратор и сценарист во целиот овој случај, вели во интервју за „Радио слободна Европа“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и додава дека ако наскоро овој процес дивергира од реалноста, јавноста ќе биде сведок на тоа што всушност се случувало.
– Чекаме од тактички причини. Не чекаме од причини што имаме доверба. Довербата во „Кацарска судството“ и „Русковска обвинителството“ одамна ја загубивме. Ние чекаме да видиме од тактички причини, да видиме до кога ќе се дават во жива кал заедно со нивниот налогодавач затоа што тој е свесен дека тоне во жива кал, но не знам дали тие се свесни дека ги влече со него, изјави Мицкоски.