Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање дали имаат комуникација со власта за новиот закон за амнестија, повтори дека уште пред неколку месеци прекинале било каква официјална или неофицијална комуникација со Владата и оти партијата преку демократски алатки ќе го блокира новиот Законот за амнестија што го подготви власта.
-Ќе ве молам внимателно да ги следите изјавите од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ кажа уште пред неколку месеци дека ја прекинува комуникацијата, изјави Мицкоски запрашан дали власта има некаква формална или неформална комуникација за новиот Закон за амнестија или пак сама сама него го подготвува, истакна тој.
Мицкоски додаде дека ниту има некаква официјална, или неофицијална, ниту пак ќе има официјална или неофицијална комуникација власта, ниту пак, како што кажа, „има било каква точка или запирка додадена вредност во текстот на тој закон кој што е предложен“.
-Тој закон кој што е предложен, а од вчера и на јавноста достапен е Закон за амнестија на криминалци за кои одредени политички партии во минатото даваа ветување дека или ќе бидат ослободени целосно или делумно. За жал, тие политички партии или дел од тие полтички партии денеска се од владата и можете да видите дека таквиот закон не одговора, ама буквално ниту на потребите, ниту на очекувањата на граѓаните и во име на тоа ВМРО-ДПМНЕ не само што нема да го поддржи овој Закон за амнестија, туку и истиот, преку демократски алатки, ќе го блокира, рече Мицкоски.