Деновиве ќе има предлог кандидат за гувернер, нема несогласувања со претседателката на државата околу ова прашање, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање при денешната посета на Тренинг центарот во Идризово.

– Добив информација од претседателката дека оваа недела ќе биде испратен предлогот во рамките на Собранието. Знам дека имаше одредени консултации во текот на викендот претседателката. Претпоставувам дека деновиве ќе треба уште еднаш да се видиме, да поразговараме и потоа сум сигурен дека до крајот на неделата или во рамките на оваа недела, точно би требало од кабинетот на претседателката да дадат одговор, кога ќе биде испратен предлогот за нов гувернер, појасни премиерот.

Мицкоски негира дека постојат некакви несогласувања со претседателката во однос на кандидатите за избор на гувернер.

– Не сме разговарале за кандидат. Сме разговарале за кандидати. Нема несогласувања, подвлече премиерот.

Фото: Архива