Премиерот Христијан Мицкоски денеска на средбата во Скопје со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, меѓу другото, разговарале и за билатералната средба со бугарската страна, за нејзиниот формат, кој се би можел на неа да присустуствува и каде би можела да се одржи. Претстојниот Самитот на НАТО во Хаг е добра можност за средбата, на неа би присустувале претседателката Сиљановска Давкова, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен, високата претставничка на ЕУ Каја Калас, а составот, како што посочи Мицкоски го прошириле и со можноста за присуство на генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
-Оваа тема започна уште од средбата и посетата на претседателот на Европскиот совет, господинот Кошта. За време на Хашкиот самит во НАТО да има билатерална средба помеѓу претставниците од кај нас од Македонија и од Бугарија, бидејќи таму ќе биде претседателката. Тоа би била одлична можност да има билатерална средба, на која би присуствувала и претседателката на ЕК, госпоѓата Урсула Фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, господинот Антонио Кошта, нормално високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Каја Калас. Го проширивме тој состав и со генералниот секретар на НАТО. Дел од земјите членки во НАТО, нели од нив најголемите тоа се САД, за да можеме да ги кажеме на билатерална средба аргументите, истакна Мицкоски на заедничката прес-конференција со Калас, одговарајќи на новинарско прашање за евентуалната средба на Сиљановска Давкова со бугарскиот претседател Радев и за тоа во каков формат се планира.
Тој истакна дека таа средба би била мошне полезна, бидеќи двете страни изнесуваат свои аргументи и оти е потребно да се седне на иста маса и да се разговара без ралика, колку ќе траат тие разговори.
-Ние веднаш го прифативме тоа. Не знам каков е одговорот од Бугарија. Но ние тоа го прифативме. И денеска повторно тоа заедно со госпоѓата Каја Калас разговаравме на таа тема и апсолутно ја потврдивме нашата определба да опстоиме на тоа што сме го кажале и го прифативме тоа. Разговаравме и со претседателката Сиљановска. Ќе се подготвиме најдобро што знаеме. И мислам добро да има таква средба, на која што ќе може да се слушнат аргументите од двете страни, посебно на маргините на НАТО Самитот, бидејќи како што беше и претходното прашање сето тоа има фоскус и на безбедноста во регионот. Како земја-членка на НАТО ние рефлектираме безбедност, посочи Мицкоски.
Додаде дека тоа го потврдила и Калас во своето обраќање за македонскиот придонес во регионалните безбедносни иницијативи како што е АЛТЕА во Босна, но тука е и поддршката на земјава за Украина. Мицкоски посочи дека ние сме во првите пет земји контрибутори по глава на жител за Украина и додаде дека и натаму ќе продолжиме да помагаме.
-Така што, ние сме фактор на стабилност, и така треба да се однесуваме во регионот. И затоа треба да зрачиме со стабилност. За жал, има сили во регионот коишто рефлектираат, сакаат да рефлектираат нестабилност. И затоа добро би било да ги имаме сите аргументи на еден ваков билатерален состанок, би било многу добро тие да се слушнат…Можеби од таа страна ќе слушнеме некои аргументи коишто до сега не сме ги знаеле, каде исчезнаа, да речеме, 200 илјади Македонци во Западна Бугаијра од ’56 до ’65, истакна Мицкоски.
Во однос на тоа дали ќе прифати медијација за да се надминат разликите со Бугарија, Мицкоски одговори потврдно.
-Да. Апсолутно подготвени сме да разговараме на ниво на билатерални разговори, на ниво на партнерски односи во рамките на НАТО Алијансата. Кој било, кој што сака да помогне подоготвени сме да разговараме. Со секого сме подготвени да седнеме и да разговарме и да прифатиме каква било медијација…Ние сакаме решение, решение коешто ќе биде достоинствено и долготрајно. Се изморивме од континуирани блокади коишто се однесуваат на билатерални прашања. Дајте решение коешто ќе биде единствено континуирано и оставете ние да си ја завршиме дома домашната задача, па да видиме кој ќе биде фронтранер, кој нема да биде, нека судат потоа сите оние, рече Мицкоски.
На прашањето дали се работи на нова дефиниција на уставните измени, тој потенцира дека најголемиот виновник зошто се наоѓаме сега во ваква ситуација е претходната влада.
-Не би се согласил дека недостасуваа неколку гласови, бидејќи не беше ставено да се гласа за да знаеме колку гласови, дали се неколку или неколку десетици гласови. Така што, ако го посочиме главниот виновник, тоа е јасно, тогашниот премиер, министерот за евроинтеграции, министерот за надворешни работи. Тие се тие коишто денеска ја доведоа состојбата ваква каква што е, додаде Мицкоски.