На заедничката прес конференција со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас и премиерот Мицкоски, тој беше запташан за можна билатерална средба на претседстелката Гордана Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев.
-Денеска ја отворивме и оваа тема со госпоѓата Каја Калас. Оваа тема започна уште со посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. За време на Хашкиот самит на НАТО, да има билатерална средба помеѓу претставниците од кај нас и од Бугарија. Бидејќи таму ќе биде претседателката тоа би било одлична можност за билатерална средба, на која што средба би присуствувала и претседателката на Европската Комискија Урсула Фон дер Лајен, претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта и нормално исоката претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Го проширивме тој состав и со генералниот секретар на НАТО, дело од големите земји членки на НАТО, тоа се Соединетите Американски Држави, за да можеме на билатерална средба да ги кажеме аргументите, рече Мицкоски.
Мислам, додаде тој, дека е добро да има таква средба, за да се слушнат аргументите од двете страни, посебно на маргините на НАТО самитот.
-Ние како земја членка на НАТО рефлектираме безбедност. Ние сме фактор на стабилност и така треба да се однесуваме во регионот и така треба да зрачиме со стабилнот. Кога ќе ги имаме сите аргументи на ваков билатерален состанок би било многу добро, рече Мицкоски.