Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје го честиташе Христовото раѓање – Божик.

Тој рече дека очекува година во која ќе има напредок и прогрес на секој план.

На граѓаните им посака пред сѐ здравје, затоа што, како што посочи, здравјето е најважно.

– Очекувам година во којашто ќе имаме напредок, година на прогрес на секој план. Тоа го посакувам и за тоа како Влада во годината што следи, ќе работиме, потенцираше премиерот.

Фото и видео: МИА