Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на годината уште три инвестиции со кои, како што денеска изјави, значително ќе се зголеми економската активност и позотивно ќе се влијае врз растот на БДП.
Мицкоски очекува, како што рече, многу скоро, уште денеска нов камен темелник на една белгиско-германска компанија. Посочи дека очекува и проширување на капацитетите на компаниите кои се веќе присутни и работат во земјава.
– Како Влада ќе сториме се што е во наша моќ да помогнеме, затоа што нема поголемо задоволство ниту за мене, ниту за членовите на Владата кога ќе отворите ново работно место, кога ќе помогнете уште некој македонски граѓанин да остане тука, наместо да се сели надвор, изјави Мицкоски.
Забележа дека го охрабруваат првите индикатори во економијата за јули и август, а тоа е поголемото индустриско производство, со големо учество на преработувачката индустрија.
– Охрабрува 3,8- 4 проценти после неколкумесечниот пад, којшто беше посебно жесток во месеците април,мај, јуни. Сега конечно имаме позитива и очекувам во месец август и во следните месеци до крајот на годината да имаме позитивни резултати за индустриското производство, вели Мицкоски.
Претседателот на Владата додаде дека и во вториот квартал, БДП е 2,3 проценти и е над очекувањата што беа поставени од многу меѓународни финансиски институции. – Доколку се анализираат сите овие податоци има раздвижување во економијата, изјави Мицкоски.
Фото: Aрхива