Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Демир Капија истакна дека ситуацијата во државата е многу сериозна, а власта е отсутна од реалноста, државата со оваа власт тоне во криминал и корупција и токму затоа ова се избори кои одлучуваат за нашата иднина, дали ќе дозволиме да живееме во ваква држава или ќе се избориме за нова, подобра и поуспешна иднина, на проекти и победи.
Мицкоски потенцираше дека слоганот на власта за најдоброто од вашата општина, всушност е најлошото затоа што со СДСМ, Македонија ниже порази и Македонија е најкорумпираната земја во Европа, но и дека е најлоша во справување со пандемијата и тоа заради неспособноста на Заев и Филипче.
– Денеска имаме најголем број на починати од Ковид пандемијата, на врвот сме во Европа на наши сограѓани кои го загубија својот живот од ковид пандемијата. 14 луѓе изгореа живи, 14 луѓе во Тетово ги загубија своите животи и до ден денеска после неколку недели нема ниту еден човек кој ќе се охрабри да понесе орговорност преку неотповиклива одставка, туку се обидуваат преку политички трикови и го слушаме Заев кој вели дека нема потреба од оставки, дека тие направиле премногу и ќе чека некаква истрага. Но нема бегање од вистината, а тоа е дека 14 луѓе гореа поради неспособноста на Венко Филипче, пораид неспособноста на Зоран Заев, затоа што пуштија во употреба објект кој не требаше да го пуштат рече Мицкоски.
Мицкоски истакна дека власта е најдобра во една работа, а тоа е само во издавање на пасоши на нарко дилери, нема нарко трговец на Балканот кој нема македонски пасош кој му го издал Оливер Спасовски, па дури се проширија до Шпанија и Италија.
– Нема нарко бос кој нема македонски пасош, а денеска вие кога ќе отидете да извадите пасош мора да чекате со денови за термин за сликање, а потоа и денови да добиете пасош. Имаме вицепремиер за борба против корупција, кому најголемо достигнување му се десетици килограми запленет путер со изминат рок. Имаме генерален секретар на влада кој 4 години местеле тендери, за да денеска под превезот на тоа дека е во куќен притвор си се шета слободно, посочи Мицкоски.
Мицкоски изјави дека најниско рангирани сме по животен стандард, а ветуваа раст од 5 до 7%, ветуваа достоинство за земјоделците, а лозарите не знаат крај со крај да врзат, иста е ситуацијата со одгледувачите на јаболка 2 денари е килограм, а тој доаѓа со најнова марка на БМВ која члни 3 милиони килограми ресенско јаболко. Во образованието ако видиме, 8 од 10 мои студенти одлучуваат да ја напуштат Македонија затоа што не гледаат перспектива и иднина тука ниту можност да основаат семејство.
Тој нагласи дека ако се споредат понудите што нудат СДСМ, а што нуди ВМРО-ДПМНЕ на овие избори, кај ВМРО-ДПМНЕ ќе слушнете за криптовалути, намален ДДВ, нова канализација, водовод, улица и низа проекти, а кај СДСМ само поткуп.
– Ние нема да ветуваме многу, но тоа што ќе го ветиме, ќе го оствариме. Нам ни треба нова иднина, и знам дека ние ВМРО-ДПМНЕ по локалните избори и потоа по формирањето на ново парламентарно мнозинство ќе бидеме тие кои ќе ја креираат таа нова иднина, која ќе биде поразлична и поуспешна од ова секојдневие кое сега го живееме. Треба да изградиме заеднички патриотизам, кој ќе обединува, да ја победиме заедничката мака, да покажеме дека политичарите мора макотрпно да работат, заеднички да ги вратиме луѓето кои се иселија од Македонија, народот да има повеќе пари во џебот, да носиме добри вести да се радуваме на нови работни места, истакна Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека победа е кога ќе спасиме 14 човечки животи, кога ќе можеме да се коригираме, победа е да има одговорност кога треба, победа е да не се откажуваме, да создаваме да работиме и да одиме напред.
– Во нашата програма за која гарантираме дека ќе ја оствариме ќе најдете повеќе од 14.835 проекти, 2000 улици, повеќе од 100 градинки, 150 училишта, инвестиции во животната средина, 150 паркови, инвестиции во 60 објекти од културата, 90 спортски сали за младите, гасификација и уште многу други работи. Мојот совет до Андон е да има големи но реални сништа, затоа што само човек кој сонува големи сонови и реални истите ќе ги оствари. И немој никогаш да се одлепиш од граѓаните бидејќи тие ти даваат поддршка, нагласи Мицкоски.
Мицкоски на крајот посочи дека власта немајќи што да понуди се занимава со навреди, бидејќи им се гледа стравот во очите од поразот и одговорноста и затоа ги повика граѓаните на 17 октомври да излезат и масовно да дадат поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Андон Донев советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и да се приклучат на иднината која носи промени, проекти и победи.