Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска е во работна посета на Гостивар, а откако претходно беше во фабриката за тули, замина во населбата Циглана каде имаше средба со жителите, обајвија од неговата партија.
-Ги посетив жителите на гостиварската населба Циглана.
Заевизмот кој е матрица на ова тешко и мачно секојдневие силно се чуствува меѓу граѓаните.
Една средовечна жена ми вели, имаме фијаско и секој ден слушаме лоши вести, го чувствуваме лошиот живот на наша сопствена кожа. И реалниот живот не се баловите на кој оди премиерот, не се ниту оние скапи автомобили кои ги вози, туку реалниот живот е тука во гостиварска Циглана и насекаде во Македонија каде се чувствува сиромаштијата и беспарицата.
Правдата е згазена, владеењето на правото уништено. На Македонија и треба препород и промени. На Македонија и треба честитост и знаење и ние тоа ќе го донесеме.
Битката на нашата генерација е за правда и подобар живот, стои во неговиот пост на Фејсбук.