Претседателскиот кандидат на владејачкиот СДСМ и неговата коалиција, Стево Пендаровски, денеска учествуваше на деветомартовскиот марш на жените на оваа партија, а по повод Осми март.

Тој денеска на крајот од обраќањето им го честита вчерашниот празник:

– Нека е среќен 8 март, меѓународниот ден на жената!

Пендаровски пред малку преку својот Фејсбук профил ја дополни пораката:

– Ја продолжуваме борбата за родова еднаквост! За оние кои се жртви на семејно насилство, кои немаат право да го кажат својот став, кои немаат еднакви можности. Со секој собир како денешниот го креваме гласот против овие неправди. Светот ќе биде подобро место за живеење ако сме сите еднакви, напиша Пендаровски на Фесбук.

И навистина е убаво кога човек се бори против неправдите, за родова еднаквост и за еднакви можности. Но, не само на пригодни манифестации и маршеви, туку и за еднаквост на сите снајки кога се делат пари од фондови за иновации, а не само на снајки на советнички кои се во првите редови на маршевите и до премиерот.

Навистина светот ќе биде поубаво место за живеење, ако сме сите еднакви и кога се делат тендери. Ама не само по партиска линија и на роднини и пријатели, снајки и братучетки на министри, кога се делат работни места за мајки и сестри итн.

Светот ќе биде поубав само кога ќе се бориме за еднаквост, но не само за сликање, за рејтинг и за аплаузи.