МИЦКОСКИ ОД КАВАДАРЦИ: Додека луѓето мака мачат први со први да го скрпат, тие шопингуваат во Дубаи или скијаат!

/ 03.04.2019

Заедно со Гордана Силјановска Давкова, жената која е сопруга, мајка, сосетка, педагог, пријател и голем Македонец, бараме да ја вратиме правдата во Македонија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Кавадарци.

-Ајде заедно на 21-ви април, да победи правдата во Македонија, а потоа да ја завериме правдата и на 5-ти мај.  Потоа се разбира, предвремени парламентарни избори и да им ја покажеме темната страна во историјата на овие квинслинзи кои денес се власт во Република Македонија. Да им покажеме како се работи за татковината. Што е неправда? Неправда е сето она што денес и се случува на Македонија. Неправда е и тоа како дојдоа таму каде што дојдоа. Се сеќавам, шетаа по улиците и плоштадите ширум Македонија, седеа во нивниот штаб на Бихаќка и пуштаа воајерски снимки. Злоупотребуваа човечки судбини, истакна Мицкоски пред големиот број насобрани граѓани.

Убијци шетаат на слобода, рече Мицкоски, затоа што Заев е подготвен со човечките судбини да прави компромис.

-Патриотите, луѓето кои направија една грешка, добија два века затвор. Луѓето кои си ја сакаат татковината. А оние од ИСИС кои се вратија од боишта во Сирија добија три пати помали казни. Мојот син има три години, ќе има 9 кога ќе се сретне очи во очи со тие терористи од ИСИС кои штотуку отслужиле затворска казна. Тоа е неправда, рече Мицкоски.

Тој говореше за лажните ветувања кои СДСМ и Заев ги даваа во Кавадарци.

-Се сеќавате дека овде ветуваа дека ќе го решат проблемот со загарантираниот откуп. Доаѓаа и ветуваа денар премија, па ветуваа уште нешто. Па ветуваа во февруари не можеа, па рекоа во март, а дојде сега април. И што се случи? Да го видиме тој млад господин кој кажува на телевизија дека бил во Дубаи да се поднови со нови патики. Тоа е болната вистина. Дека луѓето крварат и мака мачат како први со први да го скрпат, тие шопингуваат во Дубаи или скијаат, па затвораат цело скијачки патеки за да може господата со моторите да се провозат. Или кога тоа не го прават управуваат со нивните скапи возила Мајбах, Бентли, Мерцедес или што уште не, порача Мицкоски.


Од истата категорија