11 Октомври е празник кој особено е вреднуван на ова место, и има тука посебно значење. Ако се прашувате зошто Зоран Заев вчера вечер и утрово зборуваше за 11 Октомври, тоа е само затоа што на 17-ти октомври имаме избори и сака да заборавите на се она што претходно го правел. А, кога нема избори тој тргува со светите работи на овој народ меѓу кои е нашето антифашистичко наследство. Тој кога не се избори самиот си кажува дека Бугарите овде за Втората светска војна не биле фашисти туку биле администратори. Денеска од Прилеп, од градот од каде што се дигна македонската борба против бугарскиот фашистички окупатор порачуваме – доаѓа крајот на продавањето на македонските национални интереси. Доаѓа крајот на оваа Влада што не направи ништо освен што се обидува да го продаде македонскиот идентитет“, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Прилеп.
Мицкоски додаде дека антифашистичката борба, илинденците, оние светли моменти од македонската историја не потсетуваат дека не смееме да паднеме во апатија, дека не смееме да се откажеме од борбата за подобро. Овие моменти од македонската историја велат дека е време да станеме пак во борба за повисоки вредности, за Македонија каква што заслужуваме. Оваа Влада не научи дека не живееме во минатото, дека кај овој народ не поминува плашењето од минатото. Овој народ нема страв, овој народ виде дека полоша од оваа Влада сме немале.
-Но овој народ не признава порази и знае да се избори во она во што верува. Историјата не учи на големи победи и не учи да не ги повторуваме истите грешки. Затоа, Зоран Заев знае дека народот не му верува веќе на приказните каде мисли дека со креирање на страв ќе остане на власт. Нема страв овој народ! Овој народ има желба за промени! Овој народ е горд народ и достоинството никој не може да му го земе, нагласи Мицкоски на митингот.
Мицкоски потсети дека Заев ќе го бришел од плочите од НОБ против бугарскиот фашистички окупатор. Ќе ја брише историјата каде нашиот идентитет е зацртан. Почнува со едно и на крај остануваме без се. Така работи Заев! Ветува едно, а во реалност го прави спротивното.
-Ви дојде крајот. Македонија нема да се предаде пред вашите приказни, нема да ви поминат поделбите. Македонија ќе победи на овие избори! Затоа што на народот му е доста од разочарувања. Време е за нова иднината! Иднина што сите заедно ќе ја создаваме, порача Мицкоски.