Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од вечерашниот митинг на партијата во Струга побара поддршка од стружани за Силјановска Давкова.

-Да излеземе на 21-ви април со победничка Струга на чело. Ајде да победи правда за Македонија. Затоа што ова што се случува на Македонија не е ниту правда ниту правдина. Денес за прв пат од самостојноста на Македонија дојде висока делегација, премиер на држава и никаде ја немаше построено македонската гарда и никаде не слушнавме интонирање на македонската химна. Кое е образложението? Брутално, плитко, бледо, неодговорно. Преку центарот за манипулација и стотици скапо платени спинери, ќе расемени вест и ќе каже дека авионот доцнеше, немаше време за химната. Замислете, еден од трите атрибути кои ја прават Македонија независна, немало време за химната. Тоа е изговорот. Не е Заев тоа изговорот, вистината е друга, а тоа е она што ти го потпиша. Ти си единствениот човек кој зема плата од овој народ и се срами од тој народ, се срами од трите симболи кои го одбележуваат народот и државата. Се срамиш со твојот нов пријател да слушнеш дека денес над Македонија се раѓа. А бараш поддршка за твојот деспотски избран кандидат. Каква поддршка очекуваш кога бесрамно го лажеш дека немало време за химната, а вистината е што не сакаш да ја слушнеш. Кажи ја вистината принцу на политичките лаги, лажови, порача Мицкоски.

„Еден ден кога ќе помине време, многу Македонци, многу граѓани на Македонија без разлика на етничката припадност, ќе се запрашаат дали направивме сè што можевме за да се избориме за работите во кои веруваме? Дали кога можевме направивме се за да ја заштитиме неа бидејќи во таа земја се родивме, растевме, создадовме семејства. Јас го знам одговорот и вие го знаете. Знам дека многу работи кои ќе ни се случуваат не се фер и ќе се прашате зошто ова ни се случува“-рече Мицкоски.

Тој им порача на граѓаните да не се откажуваат и да продолжат да се борат. Затоа што победата не доаѓа сама.

-Да се бориме за Македонија.Честа и достоинството немаат цена. Не ни требаат Мерцедес, Мајбах, Бентли, не ни треба пари, не ни треба моќ. Ни треба убав збор и победа за Македонија, среќни сограѓани, да се погледнеме во очи и да си ја кажеме вистината. За тоа треба да се бориме. Мора да ја спречиме неправдата. Кацарска судството на деспотот Заев му ја даде наградата а на народот му рече дека при очи не гледа и при уши не слуша. Тоа што слушавте дека бара евро за црквата и евро за Вице, е тоа не се случило. За каква пуста правда зборуваме, за какви закони? Па таква Европа сакаш да донесеш. Европа не сака аболирани политичари кои под политички диктат се амнестираа за сторени кривични дела. Европа не сака политичари кои се срамат од сопствената химна, порача Мицкоски.

Му порача на Заев дека тоа не се европски вредности, туку срам за државата. Одговорот, рече, ќе го слушне на изборите каде заев ќе доживее историски пораз.

-Веднаш после тоа, не дека ти веруваме на збор, туку ќе те натераме да распишеш предвремени избори на кои ќе се соочиш со гневот на народот за сите лаги и понижувања кои им ги приреди. Ќе изгубиш и нема да знаеш што те снашло. Потоа за сиот криминал ќе одговарате од прв до последен. Нема да имаш мирна политичка пензија.