Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на својот профил на Фејсбук објави дека се наоѓа во Тркање-Кочанско и оти огнот е над селото.
Народот се самоорганизира против страотниот пожар, потребна е помош, ова е жалната слика вечерва. Се даваат натчовечки напори за локализирање на стихијата, напиша Мицкоски.
Тој упати апел до власта за итна реакција.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва беше и во Кочани, меѓу граѓаните кои се борат против пожарите.
Бидејќи претседателот и премиерот најавија помош за утре, тој им порача:
„Не до утре да чекаат, денес да дојдат веднаш затоа што тука состојбата е алармантна. Да не чекаат до утре да се разбудат од прославата, веднаш да се нацртаат овде и веднаш да дојдат екипи да го гасат пожарот овде во Кочани. Да престанат да слават прослави кои за себе си ги подготвија и трошат на народот пари, тука да дојдат да го гасат пожарот. Ако не им е срам да се појават пред народот“.