-Планот на власта е да дојдат до редовни избори односно како уште неколку месеци повеќе да останат на позицииите каде што, да можат да испокрадат уште малку од тоа што може да се испокраде и тоа е суштината. План таму не постои друг, бидејќи сетоа она то гледаме што се случува на дневно ниво е токму тоа ден за ден да се купи, да се направи нешто со кое што уште некој месец ќе премостат до редовните избори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување на ТВ АЛФА.
Претседателот Мицкоски во врска со поднесување на оставките од страна министрите од ДУИ потенцираше дека тоа е политички маневар за да се дефокусира јавноста од скандалот со Соравиа, со аудито и слично.
-Многумина тоа го нарекоа потег, но јас се чудам зошто во суштина се придава значање на нешто кое во најмала рака не е ништо, зошто тоа нешто не е ништо. Денеска слушнавме од Бујар Османи дека тие утре лично ќе ги потпишале оставките со одложено дејство и ќе ги ставеле на маса кај мандатарот, кај премиерот Димитар Ковачевски. Такво нешто правото, процедурите не познаваат, таква методологија, таков начин на поднесување нити пак правото, ниту пак процедурите во Македонија согласно тоа кое што се прописи, закони и процедури не познава. Ова е чисто некој политички маневар за да се дефокусираме, да не збориме сега за аудито, за Соравија, да не збориме за имот по западна Македонија и така натаму, а од друга страна еве направиме нешто кое што нас ке ни купи уште некој ден повеќе па потоа ќе има нешто друго и така натаму, рече Мицкоски.
Според него единствената работа која што е на маса се предвремените парламентарни избори.
-И после неколку недели нападнати од афери за криминл, корупција,немање на реформи, анкети кои што мерат јавно мислење каде што се гледа дека губи и ДУИ, веќе СДСМ одамна ја има изгубено супстанцата и сега за да не зборуавме ние како јавност за тоа сега ќе зборуваме за ова, вели Мицкоски.
Тој посочи дека суштината на владата на ДУИ и СДСМ не е европскиот пат, туку како што рече борбата на ДУИ е да ја намали победата и бројот на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори преку разни маневрски, укажувајќи дека СДСМ е веќе декласирана партија.
-Не е на ДУИ и СДСМ суштината за европскиот пат, гледајте го тоа политички. Кај нив е важно посебно кај ДУИ, бидејќи СДСМ и така е завршена приказна, колку е можно помал број на пратеници ВМРО-ДПМНЕ да освои на следните избори и да да доведе ситуацијата да не може да направи влада без ДУИ. И во таа кампања СДСМ е тотално неупотреблива повеќе и затоа тие се обидуваат со така наречените политички партии кои што се опозиција на опозицијата да го напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ, и некои такви егзибиционисти кои се активно претежно на социјалните мрежи да лиферуваат лаги и измислици и да го намалат потенцијалот на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори, рече Мицкоски.