За мене секогаш претставува особена чест и задоволство да можам да разговарам со луѓе кои што се од реалниот сектор, од бизнис секторот бидејќи тоа сум го кажал многупати во минатото ќе го повторам и сега ова се вистинските херои за граѓаните во Македонија. Ова се вистинските херои за Македонија и ова се луѓето кои што треба сите ние да им кажеме едно големо благодарам бидејќи во овие тешки времиња посебно сега во услови на светска криза со пандемијата која што еве гледате веќе се издолжи повеќе од една ипол година, успеваат да најдат начин како да обезбедат начин да го одржат сопствениот бизнис, а со тоа и бројот на вработени, па тоа дури и да го зголемат во услови на криза и на пандемија.
Така што тие ја имаат мојата почит и секогаш, не само сега туку и во иднина ќе бидам на располагање за тоа што сметам дека е потребно и се разбира во насока на тоа да тие го зголемат својот бизнис, а со тоа и економијата и бројот на вработени, истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Како човек и како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ценам дека ситуацијата во нашата држава во моментот е алармантна, не само поради тоа што се случуваат би рекол големи проблеми на дневна основа во секој дел од институциите, туку се соочуваат со буквално демотивиран систем и институции кои што не функционираат, Македонија е на врвот на листата на најкорумпирани држави во Европа, скандалите се секојдневни. Она кое што посебно ме загрижува е што тие не престануваат, буквално секој ден имаме по еден скандал кој што нас не засрамува како граѓани. И навистина на овие локални избори се можност да покажеме и да ги опоменеме овие кои што денеска се власт во Македонија дека едноставно погрешно ја практикуваат Владата, погрешно ја практикуваат политиката и ја водат Македонија директно во амбис, истакна тој.
Мицкоски зборуваше и за тоа каква програма нудат кандидатите за градоначалници.
-Како ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе понудиме како и секогаш програми со многу проекти кои што го засегаат бизнисот, ја засегаат економијата, проекти кои што имаат за цел да додадат вредност за бизнисмените, за претприемачите, за нивниот бизнис да ги растеретат практично, дури и понудивме не само децентрализација туку и реинституционализација на Владата односно нејзино дисперзирање во повеќе области во Македонија во зависност од потребите на граѓаните. Така што цениме дека имаме револуционерни чекори. За жал, поради карактерот на оваа Влада и злоупотребите кои што се случија на минатите предвремени парламентарни избори многу малку можевме да зборуваме за понудата. Се надевам дека на овие локални избори ќе зборуваме многу за понудата, но и тука сме исто така слушнеме што бизнис заедницата односно стопанствениците и членките на Комората на Северо – западна Македонија имаат да кажат. И доколку дел од тие проекти нормално не се вклучени во програмата на нашите кандидати за градоначалници јас сум убеден идни градоначалници, неопфатено да биде опфатено. Кампањата почнува во понеделник имаше уште три дена за да дискутираме, иако јас сум убеден дека најголем дел од барањата што претходно сме ги дискутирале со луѓето од Стопанската комора Северно – западна Македонија се вклучени во програмите на кандидатите за градоначалници, рече тој.