Денеска имав чест да се обратам и на настан во организација на „Mathias Corvinus Collegium“, каде што говорев за значењето на лидерството, визијата и храброста во време на сериозни европски и глобални предизвици. Истакнав дека силните држави се градат врз јасни политики, стабилни институции и доследна заштита на националните интереси, напиша на својот фејсбук профилм премиерот Мицкоски.

Унгарија претставува пример за држава која со јасна визија и силно лидерство успева да обезбеди економски развој, стабилност и зачувување на идентитетот. Премиерот Орбан како лидер има храброст да носи одлуки во интерес на својата држава и придонесува за стабилноста на регионот и Европа.
Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба, заеднички вредности и конкретна соработка. Двете земји градат стратешки сојуз насочен кон економски развој, политичка поддршка и заедничко справување со предизвиците на современото време.
Благодарност за поддршката што Македонија ја добива од Унгарија, која е искрена, континуирана и од исклучително значење за натамошното продлабочување на билатералните односи.









