445 новозаразени лица и дури 9 починати. Национална катастрофа за која е одговорна Владата. Нема изговори. Имаа 8 месеци да се подготват за новиот бран, бараа избори за да ја зголемеле ефикасноста, објаснуваше Заев за “танцот” и “чеканот”, и еве ги резултатите, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски после денешниот рекорден број на новозаразени со корона вирус.

Уште колку семејства ќе се зацрнат за да се сетат за оставки и промена на политиките!?, прашува преку својата Фејсбук објава Мицкоски.