Почитувани граѓани,
Денес станаа јасни две работи.
Првата е дека СДСМ предводен од деспотот Заев е во слободен пад, и токму поради штетните политики нивниот рејтинг е во слободен пад, и им следува крај и тежок пораз најпрвин на претседателските избори а потоа и на предвремените парламентарни избори.
Тие се свени за тоа, свесни се дека народот не ги подржува веќе, дека на граѓаните им е преку глава од самоволието на деспотот Заев, од не работа на министрите, од предавствата, од забеганоста на владата, свесни се дека паѓаат, дека губат и затоа во очај, подмолно, тие сега одат на внесување на страв во општеството, на нова тура самоволен политички прогон.
Институциите на чие чело е деспотот, деспотот Заев, се разнишани. Деспотот Заев го гледа својот крај и затоа е најопасно, затоа презема очајнички потег на внесување страв меѓу народот, затоа апси врз основа на изјави на сомнителни лица, без докази, на рекла казала муабет, со години после настанот за кој ги обвинуваат.
Овие луѓе не се виновни. Народот е веќе разбуден, и не се плаши. Заев, запамети, ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на Република Македонија, народот не ти се плашиме! Ова што го правиш е лудило, ама ние сме подготвени да понесеме жртва, затоа што знаеме дека сме на вистинската страна, на страната на Република Македонија. Ти отчукува часовникот, и да знаеш Заев готов си, нема бегање! Колку повеќе високо леташ потежок ќе биде твојот трескот кога ќе паднеш, тоа јас лично ти го гарантирам.
Апси, можеш и да нарачуваш убиства, но, едно да знаеш нема да ти се исплашиме и ќе те поразиме.
СДСМ знае дека паѓа и сакаат да внесат страв, да го деморализираат ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на Република Македонија, тие сакаат да се збори за притвори, за апсења, за изживувања за да не се збори за вакцините кои убиваат, за здравството на Филипче кое убива, за не работа на Спасовски која убива, за Кочо и Тевдовски кои безмилосно го осиромашија народот, за тендерите и богатењето на брат ти Вице Заев, братучед ти Трајче Заев, за очајните земјоделци и излажаните пензионери. Се е јасно, готов си и за тебе крајот ќе биде жесток.
Втората работа која денес стана јасна, покрај првата и основна дека СДСМ е слаб, е фактот дека единствено решение, единствен модус за да се стави крај на ова деспотство, на оваа игра со судбини, на ова уништување на Република Македонија е жестоко да го поразиме СДСМ на претседателските избори, да го победиме и јас ви гарантирам дека ќе го победиме!
Деспот Заев со овие налудничави потези што ги прави сака да испровоцира реакција од нас, од ВМРО-ДПМНЕ, од народот и граѓаните на Република Македонија, реакција која ќе значи да се откажеме од претседателските избори, за на тој начин да избегне катастрофален пораз, или пак да направиме чекори кои потоа ќе му служат како алиби на деспотот Заев за веќе извесното недобивањe на датум за преговори со Европската Унија.
Знаеме дека овде не е проблемот ниту Спире, ниту Трајко, ниту Миле или пак Никола. Овде е проблемот деспотот Зоран Заев и неговите уцени, тоталитарни напади, жигосувања, потпалувања на кавги, неморални подметнувања. Овде деспотот Заев си игра со судбини на луѓе, доделувајќи им улоги, уценувајќи ги. И овде нема добитници, ниту поразени, сите губат во оваа работа. Со ваква Кацарска судство, со вакво Рускоска Обвинителство овде нема ниту право, ниту правдина. Решението за стигање до правда е едно, победа на претседателските избори а потоа на неминовните предвремени парламентарни избори и пораз на деспотот Заев и санкционирања на сите неправди од првата до последната.
Ајде Заев нема бегање од поразот кој ти следи, ќе те победиме жестоко и со голема разлика. Македонија е на нозе, и ќе ти врати, запамети, ќе ти врати за сите недела кои што и ги направи. Притискај, апси, корумпирај, вработувај роднини, прави разни будалаштини, нарачувај убиства, заканувај се на нашите семејства, но сепак спас ти нема – ќе те поразиме!
Сакам да ти порачам деспоту Заев, за ова што го правиш еден ден, а ти ветувам многу брзо ќе дојде тој ден, ќе одговараш, ќе одговараш и ти и твоите соработници, врхушката и министрите, а и обвинителите и судиите кои ти слугуваат. Се ќе се преиспита, и ќе стане јасно. Многу високо си летнат, отсутен си од реалноста, ама драматично ќе паднеш, сети се на Милошевиќ и сети се на Чаушеску, и тие мислеа дека се недопирливи ама знаеш како завршија.
Ти следува пораз, од мене, од ВМРО-ДПМНЕ и од граѓаните на Република Македонија, ти следува пораз од Македонија и Македонија ќе те победи!