Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на церемонијата по повод 80-годишнината од Холокаустот, која се одржа во Меморијалниот центар во Скопје.

Во својот говор, Мицкоски изрази почит, тага и надеж, сеќавајќи се на страшните жртви од Втората светска војна и трагедијата која не ја одмина ни Македонија.

Мицкоски истакна дека фразата „Никогаш повеќе“ не е само симбол, туку и залог за иднината, за да се осигура дека трагедијата на Холокаустот никогаш нема да се повтори.

„Нека споменот на жртвите биде вечен“, порача премиерот, обраќајќи се до присутните во Меморијалниот центар.

-Денес стоиме со почит, тага и надеж, сеќавајќи се на жртвите од Втората светска војна и трагедијата на Холокаустот, која не ја одмина ниту Македонија. Над 7.000 македонски Евреи беа депортирани во логорот Треблинка, а нивниот живот, историја и култура беа насилно прекинати.
Но, историјата не е само спомен, таа е лекција. Нашата обврска е да ја зачуваме вистината, да се спротивставиме на заборавот и да градиме општество засновано на толеранција, правда и меѓусебно почитување, напиша на Фејсбук претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој денеска присуствувал на настан во Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

На настанот освен првите луѓе на Меморијалниот центар и припаднции на еврејската заедница во Македонија присуствувале и поранешниот претседател Ѓорѓи Иванов, Љупчо Димовски вицепремиер и министер за политички систем, пратеничката Рашела Мизрахи и други.